Македонија
20. February 2026 - 17:03

Според власта европските реформи се спроведуваат, за опозицијата државата е во изолација

Македонија ја завршува својата домашна задача, најголем дел од реформските закони се донесени, велат од владејачката партија по извештајот на Вајц.

Ставот на партијата за уставните измени е непроменет, а очекувањата се зголемената дипломатска офанзива на Владата да даде резултати во следниот период.

Според опозицијата пак, извештајот на Вајц е потврда дека земјата е изолирана. Реформи нема, борбата со корупцијата стагнира, а евроинтеграциите се закочени.

Слични критики во однос на реформите и уставните измени пристигнуваат и од албанската опизиција.

Премиерот Мицкоски пак вчера во телевизиско интервју за прв пат зборувуваше за можни сценарија од ЕУ, Македонија во 2027ма да стане членка на Унијата заедно со Украина, Црна Гора и Албанија, со право да учествува во работата на европските институции, но без право на глас. Дел од ова сценарио според Мицкоски може да биде обврската Македонија да ги спроведе уставните измени, како обврска превземена од претходната влада.

Во насока на зближување на односите Скопје-Софија, министерот Муцунски иницирал средба со новата бугарска министерка за надворешни работи. Во телефонски разговор со Надежда Нејнски, Муцунски порачал дека односите помеѓу двете држави треба да се градат врз принципите на добрососедство, пријателство и конструктивна соработка.