Андре Игудала замина во пензија

Американскиот кошаркар Андре Игудала и официјално ја заврши кариерата.
По 19 сезони во НБА, Игудала го потврди своето пензионирање во интервју за „Њујорк Тајмс“.
Уште пред минатата сезона најави дека ќе ја заврши кариерата, но Стеф Кари му се јави и го убеди да одигра уште една сезона.
Игудала потпиша едногодишен договор со Голден Стејт, но одигра само осум натпревари поради повредите на колкот и зглобот. Последниот натпревар го одигра во март против Феникс.
Игудала влезе во лигата во 2004 година кога беше драфтуван од Филаделфија, каде ги помина првите осум години од својата професионална кариера. За време на неговиот престој со Филаделфија, тој постигна 9.422 поени и е 10. водечки стрелец во историјата на оваа франшиза.
Потоа се пресели во Денвер Нагетс, но остана таму само една сезона пред да започне неговиот ангажман во Вориорс.
За време на неговиот мандат во тимот на Стив Кер, освои четири шампионски титули во НБА. Во 2015 година, тој беше прогласен за МВП на финалната серија Кливленд, каде имаше просек од 16,3 поени, 5,8 скока и четири асистенции, кога директен ривал му беше Леброн Џејмс.
Тој пет последователни години играше во финалето со Вориорс, а потоа и со Мајами во 2020 година, со што стана 10. играч кој шест последователни сезони учествувал во натпревари за шампионски прстени.
Во текот на кариерата одигра 1.231 натпревар и имаше просек од 11,3 поени, 4,9 скока и 4,2 асистенции.
Ново на Сител
-

Бројот на смртни случаи од ебола во Конго надминува 5.000
-

Лавров по состанокот на Г20 во Атланта : Нема подобрување на односите меѓу Русија и САД
-

Утре втор круг од изборите за градоначалник во Брвеница, денеска гласаат болните
-

Облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Денеска се празнува Светиот апостол и евангелист Лука
-

Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа на АЛТА банка
-

Се бара нов 48-часовен притвор за четворицата осомничени за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче
-

ДИК на седница усвои барање за акредитација за набљудувачи на изборите во Брвеница
