-->
-->
Бах: Само обединети ќе имаме авторитет
-->
Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах, им се заблагодари на членовите на организацијата за предлогот тој да биде реизбран за трет мандат.
- Ви благодарам за поддршката, ја доживувам како симбол на нашето единство. Само ако се обединиме ќе имаме авторитет. Ако сме поделени, нема да можеме да им дадеме пример на другите. Јас сум многу лојален на Олимписката повелба, го поддржувам објаснувањето на шефот на нашата правна комисија за тоа како можеме да се движиме во оваа насока, изјави Бах на состанокот во Мумбај, Индија.
Бах е на чело на ИОК повеќе од 10 години. Шеесет и деветгодишниот Германец беше избран за претседател на организацијата на 10 септември 2013 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пукање на фестивал во САД, најмалку 12 ранети
-

Андоновски ќе го претстави новиот систем за СМАРТ лиценци и активностите за „Роаминг како дома“
-

Палестинец уапсен на Крит под сомнение дека е поврзан со Хамас и планирал напади
-

Денес се празнува трето наоѓање на главата на Свети Јован Крстител
-

Лидерите на Украина, Франција и Германија доаѓаат во Лондон на разговори
-

Парламентарни избори во Ерменија
-

Николоски ќе изврши увид во реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродром
-

Топло време со температури до 34 степени, попладне можно краткотрајно невреме
