-->
-->
Верстапен: Мекларен ги има најдобрите возачи помеѓу сите конкуренти на Ред Бул
-->

Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Верстапен искажа комплименти за пилотите на Мекларен.
Возачот на Ред Бул смета дека Ландо Норис и Оскар Пјастри се најдобриот тим меѓу ривалите.
– Можеби ова е најстабилниот тим во споредба со другите гонители. Навистина верувам дека тимот го има најдобриот состав од сите нив. Возачите на Мекларен работат многу добро. Ќе биде интересно да се види што ќе се случи на крајот од сезоната. И ќе видиме каде се сите на почетокот на следната сезона, изјави Верстапен.
Холанѓанецот веќе ја обезбеди новата шампионска титула, трета во низа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
-

Отказ за административците ако 2 години се негативно оценети
-

Нови цени на горивата
-

АХВ продолжува со вонредните инспекциски контроли на зелените пазари - запленети уште 5 тони небезбедна храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски најави 8 денари помош за килограм откупена арпа
