Србија е во речиси безизлезна ситуација бидејќи Бугарија нема да дозволи транзит на руски гас

Во многу тешка и речиси безнадежна ситуација е Србија, бидејќи Советот на Европската унија усвои забрана за транзит на руски гас низ ЕУ до трети земји, и таа мерка стапува на сила на 1 јануари. Тоа синоќа го изјави српската министерка за рударство и енергетика, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ,
„Суштината е дека Бугарија нема да дозволи проток на руски гас преку гасоводот Балкански поток, што ќе и наштети и на Србија“, изјави Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ.
„Се надеваме дека ќе најдеме решение и правиме се што е во наша моќ, но ситуацијата е речиси безнадежна, имајќи ја предвид моменталната состојба во врска со српската нафтена индустрија“, наведе таа во писмена изјава.
Според неа, Србија, иако „не била учесник во никаков конфликт, е погодена без каква било вина“.
И покрај се, ќе направиме се што можеме, како и досега, граѓаните да не ги почувствуваат проблемите со кои се соочуваме, изјави Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ.
Според нацрт-регулативата на Советот на ЕУ, одлуката за забрана на транзит на руски гас до трети земји од Нова година ќе биде потврдена кога Европскиот парламент ќе заземе став.
Се нагласува дека конечниот текст ќе биде познат по преговорите на Претседателството на Советот на ЕУ и ЕП.
Советот на ЕУ објави дека е предвиден преоден период за постојните договори со руската страна. Според објавените правила, купувачите од ЕУ нема да можат да потпишуваат нови договори за увоз на руски гас по 1 јануари, додека постојните ќе мора да бидат раскинати најдоцна до крајот на 2027 година. Предвидено е краткорочните договори склучени пред 17 јуни 2025 година да продолжат до тој датум следната година, додека долгорочните договори можат да траат до 1 јануари 2028 година.
И претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, по повод поддршката на министрите за енергетика на земјите-членки на ЕУ за предлогот за постепено укинување на увозот на руска нафта и гас, изјави дека не гледа излез од оваа ситуација и изрази надеж дека шефот на државата, Александар Вучиќ, има решение.
„Ова е катастрофална вест за нас“, рече таа.
МИА
Ново на Сител
-

Во чест на Св. Трифун групна изложба од 35 уметници во Музеј Галерија Кавадарци
-

Во Врање е уапсен Саит Саитов кој смртно прегази жена во Капиштец
-

Бројот на странските туристи лани зголемен за 10,3 отсто
-

Ф1: Норис најбрз на тестирањата во Бахреин
-

ЗОИ2026: Штолц најбрз на 1.000 метри брзо лизгање со олимписки рекорд
-

Реал, како последен, се повлече од Суперлигата
-

ССМ напладне ќе ги блокира работодавачите, бара зголемување на платите
-

Новиот член на Судскиот Совет Садула Изаири ќе даде свечена изјава
