Србија: Пензионерите најавија протестна прошетка во поддршка на студентите на 5 февруари
На социјалните мрежи се појави вест дека пензионерите во Србија ќе се приклучат на поддршката за студентите и дека во среда, 5 февруари, во 10:30 часот ќе организираат протестна прошетка од Плоштадот Република до Студентскиот плоштад, јави весникот Данас.
Оваа информација ја потврди Јован Тамбуриќ, претседател на Здружението на синдикати на пензионирани воени лица на Србија. Тој изјави дека е во координација и со други пензионерски здруженија за да се приклучат на оваа акција на поддршка.
Според него, замислата е на 5 февруари во 10:30 часот пензионерите да се соберат на Плоштадот Република, да тргнат во прошетка кон Студентскиот плоштад, каде ќе се сретнат со студентите, ќе им се обратат, а потоа ќе оддадат почит на жртвите од несреќата на Железничката станица во Нови Сад, како и на пензионерите кои настрадаа во пожарот во домот за стари лица „Ивановиќ“ во Барајево.
– Со овој собир сакаме да им дадеме поддршка, да ги охрабриме и да им покажеме дека ние, пензионерите, стоиме зад нив. Се радуваме на нивната борба и веруваме дека ќе ја ослободат Србија од недемократијата, непочитувањето на Уставот, законите и узурпацијата на националните богатства и граѓанските слободи, порача Тамбуриќ.
Тој очекува масовен одзив на пензионерите, бидејќи, како што вели, тие и претходно присуствувале на собирите организирани од студентите.
Тамбуриќ потсети дека Здружението на воени пензионери уште на 11 ноември испратило соопштение до медиумите во кое изразува поддршка за студентите, а истото е објавено и на нивната веб-страница.
„Двапати организиравме донации во вид на облека и храна за студентите на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) и Електротехничкиот факултет (ЕТФ), така што од самиот почеток сме зад нив“, нагласи Тамбуриќ.
Ново на Сител
-
Трамп ги обвини советниците на Бајден за „велепредавство“
-
Трајко Славески кандидат за гувернер на Народната банка
-
Одбраната на Палевски и Видевски тврди дека ОЈО е контрадикторно во врска со изведените докази
-
ФФМ донесе одлука: Бројот на клубови во ПМФЛ се намалува од 12 на 10
-
Лавров: Русија нема да дозволи да биде измамена со примирје
-
Во првиот квартал со автобуси превезени 9 845 000 патници
-
Заврши доказната постапка во случајот за убиството на Вања и Панче, судењето продолжува на 2 јуни
-
Ликвидирале по нарачка, уапсени четири лица поврзани со убиствата на Орхан Бајрами Оки и Амар Исмани