Македонија
16. March 2026 - 14:22

Србинка која изнајмувала стан во Центар физички и полово нападната од сопственикот на станот

На 16.03.2026 во 01:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 00:10 часот на подрачјето на Центар, 33-годишна жена од Србија, во изнајмен стан, била физички нападната и допирана по телото од сопственикот на станот, кој исто така ја вознемирувал и со пораки.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.