Средба Сиљановска-Давкова – Токајев во Астана, изразена подготвеност за унапредување на севкупните односи со Казахстан

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова денеска остварила средба со претседателот на Република Казахстан, Касим-Жомарт Токајев во резиденцијата „Акорда“ во Астана, на која се разговарало за севкупниот развој на односите меѓу двете држави кои се кооперативни и пријателски.
Укажувајќи на можностите за инвестирање што ги нуди земјава и на важноста на мултиполарниот свет, соопштија од Кабинетот на Сиљановска-Давкова, претседателката ја истакнала подготвеноста од македонска страна за натамошен развој и продлабочување на билатералните односи.
- Таа повика на интензивирање на економската соработка и зголемување на трговската размена, која е релативно мала, со дефицит на македонска страна. Како што Казахстан е мостот меѓу Азија и Европа, така ние можеме да бидеме мостот со Централна и Источна Европа заради нашата положба, посочи претседателката по средбата, се наведува во соопштението.
Домаќинот, претседателот Токаjев, нагласил дека Казахстан е заинтересиран за развој на сеопфатно партнерство со државава и рекол „ја сметаме вашата земја како доверлив партнер на Балканскиот Полуостров“.
Како што стои во соопштението, тој ја истакнал важноста од натамошно продлабочување на економските односи и зголемување на трговската размена преку конкретни чекори, како што се директни средби меѓу компании од двете земји и воспоставување на казахстанско-македонски економски совет.
Сиљановска-Давкова ја поздравила успешната соработка на Казахстан со Европската Унија, која е на врвот на листата на нејзини трговски партнери, особено имајќи ги предвид македонските аспирации за полноправно членство во европското семејство.
Таа посочила дека во денешната сложена геополитичка средина, интеграцијата на нашиот регион во ЕУ е клучна за обезбедување на мирна и безбедна иднина. Нагласила дека поради тоа е важно Западен Балкан да има јасна перспектива за членство во ЕУ, не само за нашата сопствена благосостојба и напредок, туку и за пошироката стабилност и безбедност на Европа.
Во контекст на значајниот јубилеј – 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете држави, претседателката Сиљановска-Давкова изразила интерес за размена на официјални посети на највисоко ниво.
Ново на Сител
-

Путин тврди дека Русија ќе ги постигне сите свои цели во Украина, особено територијалните
-

Нова просечна потрошувачка кошничка од 1 јануари 2026 година ќе пресметува Владата, најави Ристески
-

Ја грабнале, жената донела пиштол, мажот ја убил па ја запалиле, детали за убиството во гостиварско
-

Еден загинат во тешка сообраќајка на патот Кочани-Виница
-

Се запали оџак, велешките пожарникари навреме спречија да се запали куќата
-

Влада: Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета
-

Чепреганов: Апсурд е што во време на европска демократија се соочуваме со негации од сите страни, политичарите достоинствено да опстојат на македонските интереси
-

Ѓаволот од бегство во куќен притвор
