Средните училишта во Скопје организираа хуманитарен базар за Леонид
Соучениците на Леонид во хуманитарна акција. Со ракотворби, цртежи, колачи, фризерски услуги собираа средства за да помогнат во лекувањето на нивниот другар. Сите училишта се мобилизираа во дворот на средното Ѓорѓи Димитров каде се одржа хуманитарниот базар.
За Леонид се организираат повеќе акции, наставниците се задоволни што најмладите се солидаризираат на овој начин.
Хуманитарниот базар е во организација на Град Скопје и на него учествуваа сите 23 средни училишта. Вакви акции се организираат во сите јавни претпријатија во главниот град. За донација на пари отворени се телефони на двата оператори. Засега, на овој начин се собираат средствата кои се потребни за лекувањето на Лео во Австрија. Фондот вчера информираше дека не добиле соодветно конзелијарно мислење од лекарите, по жалбата на родителите, комисијата повторно ќе одлучува дали ќе го покрие третманот на Леонид во Виена, каде тој замина за да може да почне самостојно да диши.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
