-->
-->
Средношколецот Кристијан го фати светиот крст во реката Луда Мара и посака здравје за сите
-->

Средношколецот Кристијан Митрев го фати денеска светиот крст положен во реката Луда Мара и посака здравје за сите.
Во изјава за медиумите, 18-годишниот кавадарчанец кажа дека долги години имал желба, а годинава имал прв обид и среќа на Водици. Тој доби и подароци.
- Водата е студена и студено е, но тоа не е важно, важно е што ми се исполни долгогодишната желба. Вечен нека е празникот, порача тој.
Притоа посака здравје, љубов, слога, среќа за сите. Да прекинат сите лоши работи во светот.
Во студената вода на реката што го дели градот на два дела, по светиот крст влегоа дваесетина лица.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Внук осомничен за обид за убиство на сопствената баба
-

Кошта најави вонреден Самит на ЕУ посветен на случувањата околу Гренланд
-

Најмалку 39 луѓе загинаа во железничка несреќа во Шпанија
-

Автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред, исклучок кај 10 линии
-

Православните верници го слават Богојавление-Водици
-

Студено и сончево, минималната температура - 8, максималната 6
-

ЈО: Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на родители на судија
-

Натпреварот на Македонија против Португалија заврши нерешено
