Српската рафинерија НИС нема да работи од вторник, нагласува Вучиќ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска објави дека рафинеријата на Нафтена индустрија на Србија (НИС) во Панчево нема да работи од вторник и дека Србија ќе мора да „снаоѓа на различни начини“.
Вучиќ рече дека граѓаните треба да бидат мирни, бидејќи државата ќе има „доволно решенија и доволно пари“.
Тој најави дека вечерва ќе се обиде да има дополнителни разговори со Американците, но дека не верува дека тие ќе ја променат одлуката. За утре најави важен состанок на кој треба да се решат тие проблеми и дека Србија се уште има „тешка борба“.
„Не можам да разберам што прават Американците …не ја разбирам нивната логика“, рече Вучиќ во изјава за ТВ Информер.
Тој рече дека сега повеќе не очекува да добие лиценца од Американците и дека рафинеријата мора да се затвори во вторник.
Тој истакна дека им пренеле на Американците дека ги почитуваат нивните санкции и дека разбираат дека е потребно да се промени сопственоста во НИС, како и дека тоа ќе се случи за педесет дена, и дека државата Србија им дала гаранции.
„Очекуваме дека Американците нема да се изјаснат, ниту Русите не брзаат премногу – за нив, најважно е нивниот имот да остане што е можно подолго“, рече Вучиќ и додаде дека Србија е во „многу тешка ситуација, но дека ќе ги решат проблемите и повтори дека луѓето не треба да се грижат“.
МИА
Ново на Сител
-

Тошковски на промоција на Протокол за лица без државјанство
-

Напаѓачот на вечерата организирана од Белата куќа обвинет за обид за атентат на Трамп
-

Зеленски: Членството во ЕУ и безбедносни гаранции – клучни барања на Украина
-

Јокиќ со трипл-дабл спречи елиминација на Денвер во НБА-плејофот
-

Рубио: Блокадата на Ормуската Теснина еквивалентна на нуклеарно оружје
-

Без вода делови од Карпош, Центар и Бутел
-

Судење за „Пулс“: Обвинителство треба да почне со изведување на обдукциските наоди
-

Претпладне сончево, попладне дожд и грмежи
