Српско МВР: Приведени неколку луѓе во врска со случајот „уфрлени снајперисти“

Српското МВР соопшти вечерва дека на неколку локации во Белград, Зворник и Бања Лука, денеска се приведени неколку луѓе поврзани со случајот познат како „уфрлени снајперисти“.
Во операцијата за апсење учествувале припадници на Министерството за внатрешни работи и Безбедносната и информативна агенција.
Надлежните државни органи продолжуваат интензивно да работат на расветлување на сите околности и факти поврзани со тој случај, се додава во соопштението.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ во понедленикот изјави дека во претходните денови и недели во Србија имало разни безбедносно-разузнавачки податоци „што не се наивни“, а за кои не ја информирале јавноста, тврдејќи дека во Белград пристигнале „двајца снајперисти“, но без да прецизира кој би можел да биде целта.
„Моментално сме во потрага по двајца снајперисти во Белград за кои знаеме дека се во градот и не можеме да ги најдеме веќе три дена. Се надевам дека ќе успееме. Кои се тие и нивните цели – ќе видиме. Но, знаеме дека пристигнале, знаеме и од каде доаѓаат парите, верувам дека надлежните служби ќе успеат да го решат тоа“, рече тогаш Вучиќ.
МИА
Ново на Сител
-

За школски прибор се потребни до 10.000 денари, утре ќе се знае дали ќе има „училишна кошничка“
-

Евростат објави благ пораст на инфлацијата во еврозоната, ЕЦБ ќе одлучува за повисоки камати
-

Open AI го лансираше „Chatgpt за тинејџери“: Дали сега младите се побезбедни во дигиталниот свет?
-

38 заразени со западнонилска треска
-

Јаневска: Училиштата редовно се дератизираат
-

Огромен пожар го проголтува Мариово, с. Крушевица засега е безбедно, но ситуацијата се менува од минута во минута
-

Нова сензорна просторија за децата со аутизам во Штип
-

Преглед на вестите од светот
