Македонија
28. February 2024 - 16:37
ССМ бара повторување на постапката за Работнички дом, најавија и протести
ССМ бараат повторување на постапката пред Граѓанскиот суд со кои ќе се спречи конфискацијата на работничкиот дом. Бараат предлог да биде доставен и до Врховниот суд за брза и ефикасна постапка поради новите докази кои ги доставиле. ССМ побараа за случајот да се заинтересира и Уставниот суд да процени дали со одлуката се повредени уставните права за слобода на здружување.
Исцрпено е трпението кај работниците од несоодветните политики, платите, судскиот систем и најавија низа протести на сите синдикални организации.
Предлог законските измени на СДСМ со кои нема да се зголемуваат функционерските плати велат дека е лицемерен потег бидејќи такво нешто тие доставиле до собранието уште лани летото но се уште стои во фиока.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
