Македонија
13. March 2026 - 16:32

ССМ: Поскапувањето во маркетите почна, излезете на протест за повисоки плати

Маслото за јадење, јајцата и солта се продаваат по повисоки цени во маркетите. Од оваа недела, покрај поскап бензин, скок на цените во маркетите, како што покажале пресметките на синдикатот за 10 денари имало кај солта, 7 јајцата, 4 маслото и денар до 2 овошјето и зеленчукот.

Колку зголемувањето на цените ќе ги зголеми трошоците на домаќинствата, Синдикатот се уште пресметува. Целосната кошничка, променета со новите покачени цени ќе ја соопштат деновиве, но велат, факт е дека ќе биде повисока од февруарската, која изнесуваше 67 илјади денари. Двајца вработени во едно семејство, со минимални плати веќе не можат да ги задоволат ниту основните месечни потреби, велат од ССМ. Затоа ги повикаа сите работници кои сакаат раст на примањата, да излезат утре на протест

Минимална плата од 600 евра и раст на сите останати плати за 100 евра се барањата на ССМ. Сметаат дека ваквото барање е оправдано, затоа што третина од вработените живеат со плата под 30 илајди денари. Колку повеќе излезат на улица, толку побрзо ќе растат платите.

- Немаме повеќе време за чекање, да се зголемат платите и работниците да почнат да живеат достоинствено. Колку работниците ќе видат на улица на толку ќе им ги зголемат платите. Ако излезат 20 илјади работите ќе почнат да се менуваат, ако излезат повеќе работите уште повеќе ќе се променат, посочи Трендафилов

Утре во 12 часот и 5 минити почува протестот пред Работничкиот дом. Од таму ќе се упатат до Собранието, бизнис коморите и ќе завршат пред Владата.