Стабилно и суво со променлива облачност во текот на денот

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди.
Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје ќе биде претежно облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од денеска времето ќе биде стабилно и суво со променлива облачност во текот на денот.
Утре, во петок и в сабота ќе има услови за појава на утринска магла. Од петок облачноста ќе се намали.
Во деновите од викендот се очекуваат постудени утра со минимална температура која наместа ќе се спушти под нула степени.
МИА
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Решение може да се најде за рационални прашања
-

Германски „Гересхајмер“ со нови дополнителни инвестиции во Македонија
-

Самит за проширување во Брисел: Сиљановска бара потег од ЕУ и рамноправен дијалог
-

Преглед на вестите од светот
-

Сиљановска: Дијалогот подразбира рамноправност
-

Стојков: За Бугарија решението за сите проблеми е да ги снема Македонците
-

Примателите на социјална помош ќе можат наеднаш да ги подигнат парите преку Алта банка
-

Алта банка ги скара партиите: Обвинувања за пари, политички врски и бизнис-интереси
