Стар документарец покажа загрижувачка состојба со вирусите во лабораторијата во Вухан
Што може тимот од експерти на СЗО да открие за потеклото на коронавирусот доколку Кина и натаму продолжува да блокира? Еден постар документарен филм покажува како кинеските научници безгрижно експериментираат со заразените лилјаци.
За кинеското раководство едно е сигурно: коронавирусот, што е одговорен за глобалната пандемија, не потекнува од Кина. Се верува дека тој пристигнал во Кина од странство, веројатно за време на воената церемонија во октомври 2019 година во Вухан. И токму затоа, според толкувањето на Пекинг, таму избувна првата масовна инфекција.
Ова не може да се исклучи во целост. На крајот на краиштата, во Италија, првиот случај на инфекција со коронавирус најверојатно е регистриран во ноември 2019 година, за кој неодамна беше објавена студија. Но, истовремено, имаше и извештаи за случаи во Кина, кои за возврат државниот врв ги држеше во тајност, пишува Дојче веле.
Тимот експерти од Светската здравствена организација (СЗО), на кои, по неколку месеци доцнење, им беше дозволено да дојдат во Кина за да го испитаат потеклото на новиот коронавирус, исто така, би сакал да ги види извештаите за оваа рана епидемија. Тие, се разбира, сега почнаа да работат, но само виртуелно, бидејќи прво треба да поминат две недели во карантин во хотел во Вухан.
Без посети на Институтот за вирусологија
Меѓународните експерти всушност сакаа да го посетат престижниот Институт за вирусологија во Вухан, што се прослави со истражувањето на вирусот кај лилјаците. И кој веќе долго време се наведува како можен извор на ширење на инфекцијата.
Кинеските власти, меѓутоа, ги отфрлија овие тврдења како „чисти шпекулации“ и нагласија дека во овие лаборатории има висок степен на безбедност, па затоа е невозможно нејзиното поврзување со појавата. Според тоа, не се планира посета на меѓународни експерти на Институтот за вирусологија.
Но, еден документарец, што веќе беше прикажан на државната телевизија ЦЦТВ во 2017 година, покажува колку лежерно се однесуваат одделни соработници на Институтот работејќи со коронавирусите. Во пресрет на доаѓањето на тимот на СЗО, „Тајван њуз“ уште еднаш извести за документарецот, откако државната цензура во Кина на Интернет ги избриша сите критики кон Институтот за вирусологија.
Чуден однос кон безбедносните мерки
Во филмот се прикажува група научници собрани околу Ши Џенгли, позната како „Жена лилјак“, во потрага по потеклото на САРС. Иако сигурно им било јасно дека лилјаците што ги испитале може да носат смртоносни вируси, некои научници за време на истражуваањата во пештера во Јунан, не носеле заштитна опрема. Фатените лилјаци биле испитани со голи раце, а без заштита, со раце, бил земан и изметот на лилјакот, како можен извор на инфекција.
Вирусологот Цуи Џиу дури кажа дека лилјакот го каснал преку тенките гумени ракавици.
-Имав чувство како да ме боцна игла, рече тој.
Во филмот тој го покажува потеченото место на каснување, додека глас од заднината укажува на фактот дека лилјаците можат да пренесат голем број вируси, вклучувајќи и беснило, па затоа членовите на истражувачкиот тим претходно се вакцинираат против беснило.
Дојче Веле, Бон
Ново на Сител
-
На ГП „Џепиште“ кај Дебар за шест месеци минале 22.919 патници, најголема бројка досега
-
Се испитуваат причините за пожарот во Визбегово, побаран притвор за две лица кои нападнаа новинарска екипа
-
Андоновски - Агелер: Поддршка од САД за дигитална трансформација на Македонија
-
ЦУК: Вчера евидентирани рекордни 4.199 повици на бројот 112, најмногу за пожарна и за полиција
-
Телото пронајдено во близина на пожар во кривопаланечко предадено на обдукција
-
Приведен возач од Пробиштип, возел под дејство на алкохол
-
Полицијата во период од шест часа казни 232 возачи на мотоцикли на територија на цела држава
-
Јовева: ЕП ги признава македонскиот идентитет и јазик, тие не можат да се земат ни со лобирање, ни со гласање