Стармер во разговори со сојузниците за можно распоредување сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер води разговори со европските сојузници за можноста за распоредување воени сили на Гренланд, со цел да се ублажат безбедносните загрижености на американскиот претседател Доналд Трамп и да се одговори на растечката закана од руските и кинеските воени активности, соопшти извор од британската Влада, пренесува Телеграф.
Според изворот, воените команданти изработуваат планови за потенцијална мисија на НАТО на островот, кој Трамп повеќепати го спомена како стратешки важен за американската безбедност. Британски претставници во последните денови разговарале со колеги од повеќе земји, меѓу кои Германија и Франција, за започнување подготовки, пренесува весникот „Телеграф“.
Плановите, кои се во почетна фаза, би можеле да вклучат распоредување британски војници, воени бродови и авиони за заштита на Гренланд од потенцијални закани од Русија и Кина. Европските земји се надеваат дека значително зголемено присуство на Арктикот ќе го убеди Трамп да се откаже од амбициите за анексија на овој стратешки остров.
Извори од британската влада наведуваат дека Стармер сериозно ја сфаќа заканата од Русија и Кина во регионот и дека смета оти мора да се преземат конкретни мерки.
– Го споделуваме ставот на претседателот Трамп дека растечката агресија на Русија на далечниот север мора да се запре и дека евроатлантската безбедност треба да се зајакне. Разговорите во рамки на НАТО за безбедноста на регионот продолжуваат, а Велика Британија соработува со сојузниците за зајакнување на арктичкото одвраќање и одбрана“, изјави еден од изворите.
Трамп ја актуелизираше идејата за купување на Гренланд, автономна територија на Данска, вклучително и со предлог секој од околу 30.000 жители да добие до 100.000 долари, а воедно не ја исклучи можноста за употреба на воена сила за преземање на островот.
МИА
Ново на Сител
-

Медиуми: Трамп нарачува план за инвазија на Гренланд, воените претставници се спротивставуваат
-

ЦУК: Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава
-

ДИК: Излезност од 18,18 отсто до 15 часот на повторените избори во четири општини
-

Македонските ракометари попладнево летаат за Силкеборг
-

До 13 часот излезеноста 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
-

Тошковски оддаде почит на полициските херои по повод 26 години од нивната смрт
-

Пронајдено починато бебе во дом во Шуто Оризари
-

Израелската полиција го приведе шефот на кабинетот на Нетанјаху
