Македонија
27. March 2026 - 12:20

Стартува собраниската расправа за законот за Совет на јавни обвинители

Собраниската комисија за политички систем и односи помеѓу заедниците денеска ја стартува расправата за новиот  закон за Совет на јавни обвинители.

Законското решение кое е дел од реформската агенда ќе се носи по редовна постапка. Со законот, меѓу другото ,се предвидува зајакнување на критериумите за избор на нови членови на советот и организирање на јавна расправа.

Се зајакнува и дисциплинската одговорност на членовите на Советот.