Стартуваше бесплатната имунизација проитив сезонски грип за ризичните групи
Со два потврдени случаи на инфлуенца тип А и над 160 пријавени и сомнителни на вирусот, сезоната на грип почна.
Денеска стартуваше и бесплатната имунизација за ризичните групи.
До 15 ноември кога треба да пристигне нова пратка, на располагање има 30 000 дози а на вакцинација.мк досега се пријавени 55 илјади граѓани.
Вакцина прими и Министерот за здравство.
- Денеска се вакцинирав, се пријавив за вакцинација против сеознски грип како хронично болен и сакав на овој начин да промовирам потребата од вакцинација. Нема подобра заштита од сезонски грип ако сте над 65 години, со хронично заболување, трудница или мало дете - за тоа одлучуваат родителите, изјави Сашо Клековски, Министер за здравство.
Вакцинацијата спречува појава на потешки форми на заболувањето, компликации и смртен исход и затоа лекарите апелираат тоа сериозно да го сфатат лицата кои се во ризичните групи.
- Пациентите што имаат респираторни хронични заболувања да се вакцинираат против грип бидејќи има страшни гужви во декември и јануари и пациентите мора да си го заштитат своето здравје. За жал тогаш се качува и бројката на смртни случаи, изјави д-р Димитар Каркински пулмолог и директор на Инситутот за ТБЦ.
И тие што боцкаат, советуваат и прегледуваат се во ризичните групи, но мала е бројката на здравствени работници кои се пријавиле за вакцинација.
Надлежните апелираат и тие да се заштитат од сезонскиот вирус.
- И оваа година како и претходните две, Институтот за јавно здравје за да им овозможи на колегите здравствени работници полесна и побрза вакцинација, освен што можат да дојдат во ИЈЗ, ќе ги посетиме и теренски по одреден редослед болниците и клиниките што се пријавиле за тоа, изјави Марија Андоновска, директор на ИЈЗ.
Според податоците, најмногу пријавени за вакцинација има во Скопје, Прилеп, Струмица и Тетово.
Првиот што денеска на стартот на имунизацијата примил вакцина е жител на Виница.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
