Стартуваше конзервацијата на локалитетот Била Зора кај Свети Николе
Започна конзервацијата на владејачката палата на археолошкиот локалитет Била зора кај светиниколското село Кнежје. Палатата претставува комплексен објект кој според својата позиција, архитектонски, градежни и декоративни елементи, како и карактерот на просториите околу централниот отворен атриум е афирмирана како владетелска палата.
-
Вниманието се насочи кон овој објект кој и по својата содржина и по својата градба содржи камен кој што се распаѓа. Сакавме да го заштитиме барем овој дел од локалитетот, меѓутоа сите обекти, целиот локалитет го заслужуваат своето вниманиие- изјави Мите Штерјов, директор на завод и музеј-Штип.
Досега откриената архитектура, разнобојната фрескодекорација, како и движните наоди, сведочат за нејзините високи културно историски вредности, како резиденција на Пеонските владетели, што ја прават еиднствен вид од тој вид и време, досега открине во внатрешноста на Балканот.
-
Ќе ја презентираме на пошироката јавност и ќе мајдеме слух во Министерството да може овој локалитет да го добие своето внимамание-додаде Штерјов
Овој простор бил населене од VII -от до II-от век п.н.е., во рамките на на 3 хронолошки и културно урбанистички различни населби. Најстарата населба од железното време била ограничена само на највисокото плато, заштитена со одбрамбен бедем од сувоѕидни аморфни камења. За конзервација за она што досега е истражено Министерствто за култура издвои 1,8 милиони денари.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар