Ставени под контрола пожарите кај Измир
Разорните пожари во областа Измир во Турција се ставени под контрола, објави денеска турската влада, додека напорите за гаснење огнената стихија продолжуваат во југоисточната провинција Хатај.
Службите за итни случаи во Хатај работеа цела ноќ за да го изгаснат пожарот што избувна во петокот попладне во шума во Дортјол и брзо се ширеше поради силните ветрови.
Гувернерот на Хатај изјави дека досега се евакуирани девет области и речиси 2.000 луѓе. Временските услови и топографијата на планинскиот терен ги комплицираат напорите за гаснење на пожарите.
Во последните денови, во Турција избувнаа стотици пожари, од кои 10 големи шумски пожари, а најпогодена е областа Измир. Досега се регистрирани три жртви, а има и повредени.
Покрај опожарените шума, изгореа и три села, а има и многу угината стока и диви животни.
Ново на Сител
-
По пошта од Канада во Грција им стигнале 62 килограми канабис – уапсени две лица
-
Починa aмериканскиот глумец Едвард Фолкнер
-
„Покемон“ новитети: „Поке-бол“
-
Принцот Вилијам и принцезата Кејт ги предводеа кралските почести за тригодишнината од смртта на кралицата
-
Истражување: Загадениот воздух предизвикувач на тешки облици на деменција
-
Албански археолози открија гроб на римски големец близу македонската граница
-
Мартинез: Роналдо дава сѐ од себе, но нема долгорочни цели
-
Евробаскет 2025: Грција противник на Турција во полуфиналето