Loading Video...
Спорт плус
8. February 2022 - 12:51
Ставре Јада заврши 86-ти во конкуренција на 88 натпреварувачи
На петиот натпреварувачки ден на Зимски олимписки игри во Пекинг, го бележиме првиот настап на македонските претставници, во случајов нордиецот Ставре Јада.
Јада заврши пред предпоследен или на 86-то место во конкуренција на 88 натпреварувачи.
Тој делницата од 1,5 километар ја мина во време од 3:29.13 минути што беше за 44 секунди и 10.десетинки побавнно од пласираниот Французин Лука Чанава. Својот втор настап Јада ќе го има на 19 февруари.во трката на 50 километри слободно.
Ана Цветановска која е еинствената наша дама е следниот наш претставник која ќе настапи задутре (10 февруари) во трката на 10 километри класично. Дардан Дехари кој ќе не претставува во аплските дисциплини и тоа во слалом и велеслалом, а ќе настапува на 13 и 16 февруари.
Што се однесува до денешната распределба на медали.
Австриецот, Матијас Маер се запиша во историјата Зимската олимпијада како прв скијач кој освои три злата на три олимпијади.
31 годишниот Мајер победи во „супер-џи“ со што го одбрани олимпиското злато од Пјонгчанг освоено пред четири години, со што во својата колекција златни олимписки медали го придодаде третиот, откако првото злато го освои во Сочи во 2014 година и тоа во спуст.
Маер до златото стигна со само 4.стотинки побрзо време од Американецот, Рајан Кохран-Сигл, додека бронзата ја освои Александер Омот-Килде за кого ова е втор медал во Пекинг, откако Норвежанецот беше третото и во спуст.
И чешката сноубордерка Естер Ледецка го одбрани олимпиското злато од Пјонгчанг.
Ледецка во финалната трка на паралелниот слалом беше побрза од Даниела Улбин со што чешката натпреварувачка стана првата претставничка на својата држава со три олимписки златни медали. Глорија Котник од Словенија во трката за бронзата беше побрза од Мишел Декер од Холандија.
Во машка конкуренција во истата дисциплина најдобар беше 36-годишниот Австриец, Бенџамин Карл кој во финалето го победи пред Словенецот, Тим Мастнак, додека Русинот, Виктор Вајлд се закити со бронзата.
Францускиот нордијец Квентин Фијо Маје е победник 20-километарската биатлонската трка. До најсјајното одличје тој стигна во време од 48 минути и 47,4 секунди.
На голема радост на домашната публика а во атрактивната дисциплина „Биг Ер“ во слободно скијање, до златото стигна Ејлин Гу.
18-годишната Гу која е родена во САД, до златото стигна со одличната изведба во третата серија, па со 9,75 бовеќе од главната фаворитка. Французинката Тес Ледо, Гу заврши како прво рангирана.
Ова е трето злато за домаќините на олимпијадата, со што Кина сега не на врвот на листата на освојувачи на медали. Кизите додега имаат освоено пет медали од кои 3 златни и 2 сребрени. Зад нив се Шведѓаните со три злата, а Русија е трета со две злата и бронзи и три сребра.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->