Стефан Богоев излегува од притвор, судот ја прифати гаранција од 55 илјади евра

По една недела помината во притвор поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев излегува од притвор откако Судот му прифати гаранција од 55.000 евра.
Како што информира Основниот кривичен суд Скопје, одлуката е донесена по жалба против решението на судијата на претходна постапка од 4 јуни 2026 година, со кое на Богоев првично му беше одреден притвор по барање на обвинителството.
Кривичниот совет ја прифатил жалбата и понудената гаранција, која се состои од готовина во износ од 55.000 евра во денарска противвредност, што ќе биде депонирана како обезбедување за негово присуство во понатамошната постапка.
Покрај гаранцијата, судот одредил и мерки на претпазливост – одземање на патната исправа и забрана за напуштање на државата.
Од Судот посочуваат дека доколку не ги почитува мерките, можат да бидат изречени построги мерки за обезбедување на неговото присуство.
Ново на Сител
-

Тошковски: Боди камерите во иднина ќе бидат основна опрема за полицијата
-

Уставен ќе одлучува за колективниот договор за култура, синдикатот на протест
-

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе се анализираат цените на становите во секоја општина поединечно
-

СДСМ со документ: Директорката на српската Алта груп поседува фирма во Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Од Собранието најавија итна седница за измените за заштита од насилство штом Владата испрати издвоено мислење
-

Тема на денот со Марта Гусар, адвокат
-

Пензиските друштва го чекаат потенцијалното решение за реформа
