Стефковски: На 47 локации се расчистуваа последици од невремето во Гази Баба

Почитувани,
Утрово градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски во објава на својата официјална страна на фејсбук, информира за активностите кои општината ги превзема во текот на вчерашната вечер за расчистување на последиците од невремето.
Во текот на вчерашното попладне, па се до 03:00 часот по полноќ кризниот штаб на општина Гази Баба заедно со екипите на ЈКП Гази Баба делуваше на терен на 47 локации низ општина Гази Баба.
По само неколку часа активна работа на екипите на ЈКП Гази Баба состојбата на терен беше стабилна. Сите улици на целата територија на општината беа проодни.
Подигнати се голем број на паднати дрва, гранки, бандери и слично, а активностите на екипите продолжуваат и од рано утрово насекаде низ општина Гази Баба.
Им благодарам на вработените во ЈКП Гази Баба, како и на членовите на кризниот штаб во рамки на општината за посветеноста во расчистувањето на последиците од невремето во текот на вчерашната ноќ.
Информиран сум дека во некои населени места сеуште има прекин на електричната енергија за што како локална самоуправа направивме контакт со ЕВН од каде што добивме уверување дека работат на терен со цел отстранување на настанатите дефекти кои се последица од невремето.
Општината е тука за да им служи на граѓаните! - напиша Стефковски.
Ново на Сител
-

Русите тврдат дека ја освоиле Костјантинивка, клучен град во Донецк
-

Мицкоски: Македонија забрзува, изградбата на автопатот Охрид-Кичево влегува во својата завршна фаза
-

МВР: При петрес во Македонски Брод пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице
-

Стартува осминафиналната фаза на Светското првенство во фудбал
-

Министерот за јавна администрација Минчев ја честита 250 годинишнината од независноста на САД
-

НАТО во следните две години ќе и додели на Украина 140 милијарди евра воена помош
-

Трамп од планината Рашмор ги предупреди Американците на „комунистичката“ опасност за САД
-

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот
