-->
-->
Стефковски: По четири децении, Домот на културата „11 Октомври“ повторно оживува
-->

Во населбата Ченто, општина Гази Баба, денеска ќе биде пуштен во употреба Домот на културата „11 Октомври“ - соопшти градоначалникот Бобан Стефковски.
- Она што со децении беше празнина, денес станува симбол на нов почеток. Ова не е само објект. Ова е дом за идеи, за уметност, за младите, за иднината. Ова е срцето што повторно чука за Ченто и за цела Гази Баба - објави градоначалникот на „Фејсбук“.
Според објавата на градоначалникот, објектот се отвора повторно по 40 години.
- Ветивме и остваривме. Ова е доказ дека кога има волја - има и резултат. Делата зборуваат за нас - дополни тој во својата објава.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сеидбата на ориз под знак прашалник, производната цена вртоглаво расте
-

Климатските промени негативно влијаат врз земјоделските култури
-

159 деца повредени во сообраќајки, невниманието најчеста причина
-

Преглед на вестите од светот
-

Преглед на вестите од светот
-

Сиљановска Давкова – Милатовиќ: Делиме иста визија за полоноправно членство во ЕУ
-

Нов судир за младите и ЕУ
-

Пропуст кај дури 39 полицајци утврди МВР за пријавите за насилство против Стојанче Јовановски
