Стејт департмент: Го поддржуваме брзиот влез на Шведска и Финска во НАТО
Портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс изјави дека САД го поддржуваат брзиот влез на Финска и Шведска во НАТО, откако Хелсинки објави дека трилатералните разговори со Турција за барањето на двете земји да се приклучат на воената алијанса се ставени во мирување.
Прајс на прес-конференцијата неколку пати беше прашан за ставот на Вашингтон за пристапувањето на Финска без Шведска, но одби да коментира за, како што рече, „хипотетичко”, а не „актуелно прашање”.
„Ова отсекогаш била дискусија за Финска и Шведска… преминување од сојуз со 28 во сојуз со 30. Тоа е она што сакаме да го видиме”, рече Прајс.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во понеделникот изјави дека Шведска не треба да очекува поддршка од неговата земја, откако викендов на протестите во близина на турската амбасада во Стокхолм беше запалена копија од Куранот.
Финскиот министер за надворешни работи Пека Хависто рече дека е потребен тајм-аут од неколку недели во разговорите меѓу Финска, Шведска и Турција во врска со плановите на двете нордиски земји да се приклучат на НАТО.
Ново на Сител
-
Коперникус: Август 2025 е третиот најтопол месец досега
-
ЦУК: Активни пожари во Липково и во Студеничани, 29 изгаснати
-
Во ЕП дискусија за употребата на сила против српските демонстранти и за демократијата во Србија
-
Администрацијата на Трамп започна со апсења на имигранти во Чикаго
-
СОЗР ќе информира за новите таблички за службени возила, чиј рок за замена е до 15 септември
-
Две комисии ќе заседаваат во Собранието
-
Сончево и ветер од јужен правец
-
Пред дуелот со Велс, македонските фудбалери ќе имаат контрола со Летонија