Свет
16. May 2026 - 10:11

Стејт департмент: Израел и Либан се согласија на 45-дневно продолжување на примирјето

Израел и Либан се согласија, по уште една рунда разговори во Вашингтон, да го продолжат прекинот на огнот за 45 дена, објави денес Стејт департментот.

Договорот следеше по два „продуктивни“ дена разговори, а уште разговори се закажани за 2 и 3 јуни, изјави портпаролот на Стејт департментот Томи Пигот.

Крвкото прекин на огнот меѓу Израел и милитантната група Хезболах, која дејствува од либанска територија, требаше да истече во недела.

„Се надеваме дека овие разговори ќе го унапредат трајниот мир меѓу двете земји, целосното признавање на суверенитетот и територијалниот интегритет на другата страна и воспоставувањето вистинска безбедност по должината на нивната заедничка граница“, напиша Пигот на социјалните медиуми.

Израел и Либан технички се во војна од 1948 година, кога беше основана еврејската држава. Ова се нивните први директни преговори оттогаш, пренесе „Бета“.

МИА