-->
-->
Стигна нова опција на Фејсбук која ќе им се допадне на сите
-->

Ако една слика вреди 1000 зборови, тогаш замислете колку вреди видео од 7 секунди, 7000 зборови или малку повеќе.
Всушност, од 21 март Фејсбук понуди опција од својата профилна фотографија да направите профилно видео, јавува N1.
Опцијата за гиф сликичка е достапна веќе долго време, но сега - вистинско видео може да послужи како ваш прв идентификатор на најпопуларната друштвена мрежа во светот.
.be
Видеото може да го снимите и да го ставите, а така ќе се претстави на секој кој ќе го посети вашиот профил. Фејсбук го објави тоа на својот блог.
Сте ги забележале сигурно и бројните промени во интерфејсот, кои ќе се одржуваат во текот на селедните неколку дена, а ќе се воведе и привремен филтер за вашите профилни фотографии и видеа.
Принципот е едноставен: Отворете го својот профил на Фејсбук преку мобилен телефон, кликнете на својата моментална профилна фотографија, а потоа одберете ја опцијата „Take a New Profile Video“ или „Upolad a Video or Photo“, се разбира во зависност од тоа дали сакате да снимите или да ставите веќе постоечко видео.

Потоа изберете една од рамкитекои ќе се прикажуваат како замрзнати додека вашиот профил не се отвори. Сега вашиот Фејсбук визуелен идентитет е променет.
За повеќе детали погледнете го видеото.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во првиот квартал потрошени речиси 2/3 од планираниот буџетски дефицит за цела година
-

Новиот закон за сајбер безбедноста ќе донесе поголема заштита за граѓаните и бизнисот
-

Укинувањето на Пржинската влада пред пратениците
-

Седница на работните групи за Изборниот законик
-

Мицкоски: Интензивно се работи на реформската агенда
-

Доживотен затвор за „касапот од Штип“
-

Продолжува трендот на зголемен интерес за стручните училишта
-

Прилеп започнува со решавање на хаосот на најкритичните крстосници
