Стивен Милер, заменик шеф на кабинет во Белата куќа тврди: Никој не би се борел против САД за Гренланд

Висок функционер на Белата куќа вчера ги опиша тврдењата на САД за контрола на Гренланд како „формален став на американската Влада“, додека ја отфрли можноста за воен конфликт околу арктичкиот остров, јавува ДПА.
На прашање на Си-Ен-Ен дали Вашингтон би ја исклучил употребата на сила за преземање на Гренланд, Стивен Милер, заменик-шеф на кабинетот на американскиот претседател Доналд Трамп, рече: „Никој нема воено да се бори против САД околу иднината на Гренланд“.
Тој изјави дека островот треба да биде дел од САД, додавајќи дека Трамп јасно го искажал својот став уште од почетокот на неговиот мандат пред речиси една година. Милер тврди дека како водечка воена сила на НАТО, на САД им е потребна контрола врз Гренланд за да го обезбедат арктичкиот регион.
Тој, исто така, го доведе во прашање суверенитетот на Данска над територијата, прашувајќи врз која правна основа Гренланд ѝ припаѓа на Данска и зошто островот треба да остане „колонија на Данска“.
Гренланд е дел од кралството Данска, но е во голема мера автономен и не е членка на ЕУ. Стратешки е важен поради богатството на суровини и како база за воена контрола на Арктикот.
Трамп постојано повторуваше дека САД треба да го контролираат Гренланд од причини поврзани со националната безбедност, став што го повтори и во текот на викендот. Во саботата, објава на социјалните мрежи од поранешната владин советничка Кејти Милер, сопруга на Стивен Милер, покажа мапа на Гренланд во боите на американското знаме придружена со зборот „НАСКОРО“.
Данска, нејзините нордиски соседи, Обединетото Кралство, Германија и Европската Унија вчера ги отфрлија тврдењата на САД, а данската премиерка Мете Фредериксен изјави дека заканите на Трамп треба да се сфатат сериозно и ако САД одлучат да нападнат земја од НАТО, „сè запира“, пренесе ДПА.
МИА
Ново на Сител
-

ДЗС: Безбедно отстранета ретка неексплодирана минофрлачка граната од 70 mm од Првата светска војна
-

Сообраќајот низ државните патишта се одвива во зимски услови, сите патни правци се проодни
-

Сакам да кажам со Горан Михајловски | Неформално | Sitel Podcast 134
-

Двајца мажи пронајдени мртви во викендица
-

Трамп: Го откажав вториот бран напади врз Венецуела
-

Почина жената што беше прегазена утрово кај ТЦ Беверли Хилс
-

16-годишник монтирал слики со експлицитна содржина од малолетничка во Куманово
-

Препознатливиот навивачки „брк“ Ристо Шиц ќе патува со Фалангата во Данска на ЕП
