Ракомет
19. September 2016 - 21:11

Стоилов: Вардар мора да победува

Лидерот на табелата во СЕХА лигата, македонскиот првак Вардар ја продолжува серијата натпревари ова натпреварување. Следен ривал на „црвено-црните“ е тимот на Татран Прешов, кој синоќа загуби од Металург со 27:21.

На денешната прес-конференција капитенот Стојанче Стоилов повика на максимално залагање и на овој дуел.

Инаку вчера ракометарите на Металург ја постигнаа првата победа сезонава во СЕХА лигата и до неа стигнаа осоема заслужено бидејќи водството го имаа во текот на целиот натпревар. Најефикасен кај Металург беше капитенот Филип Талески со 7 голови, додека одличен на голот беше Дарко Арсиќ со 12 одбрани.

Натпреварот Вардар – Татран Прешов се игра утре со почеток во 20:30 часот во СЦ „Јане Сандански“.