Стојаноски: Со новиот Кривичен законик секој во државава ќе мора да ги почитува законите, а правдата ќе важи за сите

Пред оваа акција каде што беше уапсен и фатен судија во Апелацискиот суд со 350.000 евра во ѕидот на неговата семејна куќа, исто така беше уапсен и врховен судија со 10.000 евра поткуп, што значи дека таа метастаза во македонското правосудство постои, 35 години граѓаните ја гледале, а она коешто сега охрабрува е што конечно институциите покажуваат знаци на отпорност кон ваквиот систем и сакаат да го исушат ова политичко обвинителско судско мочуриште кое едноставно го нагризуваше нашиот систем, истакна Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Стојаноски, исто така, истакна дека ќе бидат усвоени пет закони кои ќе ги заострат критериумите за изборот на судии, обвинители и членови на Судскиот совет со цел да се спречат ваквите појави, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
-Овој месец ќе бидат усвоени пет закони коишто ќе треба да ја дефинираат обвинителската и судската служба и каде што ќе треба да ги заострат критериумите за избор дали на судии, дали на обвинители, дали на членови на Судски совет, за да може да го спречиме производството на вакви кадри коишто потоа ќе ја срамат целата држава, тие луѓе да не можат да се доближат до институциите а камоли да седат таму и даваат пресуди. Колку човечки судбини се уништени од еден ваков корумпиран судија којшто досега успешно се криел од системот. Нешто за коешто нашата партија со години укажува дека тоа е присутно, се надевам дека ќе има уште акции и во наредните години од преостатокот од нашиот мандат, ќе успееме да санкционираме многу вакви криминалци коишто се заштитени и коишто се уште егзистираат во тој дел од општеството, рече Стојаноски.
На крај Стојаноски посочи дека со новиот Кривичен законик се предвидени заострени казни со цел да се покаже дека секој во државата треба да ги почитува законите, а правдата важи за сите.
-Оваа е порака дека другите судии коишто можеби помислуваат на вакви дејанија, дека криминалот е неисплатлив, ние сега создаваме решенија коишто ќе бидат системски, од коишто некој утре ќе може да ги гони функционерите од оваа власт, одговорни политичари така размислуваат. Во Кривичниот законик којшто ќе го изгласаме во петок се заострени сите казни, ние одлучивме како пратеници согласно уставните надлежности да предложиме повисоки законски казни, затоа што еднаш засекогаш мора да покажеме дека секој во оваа држава треба да знае дека треба да работи по закон, и нема недопирливи, правдата треба да ги стигне сите, дециден е Стојаноски.
МИА
Ново на Сител
-

Франција пресретна руски танкер од „флотата во сенка“ во Медитеранот
-

На состанок на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, утврдена потребата за формирање работна група за измени на Законот за еднакви можности
-

Предложен притвор за дилер на хероин
-

Реал на врвот на ранг-листата на клубови со највисоки приходи трета година по ред
-

Филипче вели дека не поднесува оставка, целта му е општеството да заздрави
-

Нова железничка несреќа во Шпанија: воз се судри со кран, лесно повредени неколку лица
-

Жител на Идризово обвинет дека со закани барал пари од поранешен партнер на неговата ќерка
-

МЗ: Новиот предлог-закон за заштита од пушење предвидува забрана за рекламирање, промоции - приоритет е заштитата на децата
