Стотици луѓе евакуирани поради шумски пожар во Кастељон во источна Шпанија
Стотици луѓе се евакуирани денеска поради големиот шумски пожар во провинцијата Кастељон во источниот дел на Шпанија.
Пожарот се прошири на околу 1.000 хектари земјиште откако избувна вчера, соопштија властите во автономната заедница Валенсија, која го опфаќа и Кастељон.
Службите за итни случаи во регионот соопштија дека поради пожарот се евакуирани 600 лица во осум општини, вклучително и домот за стари лица во Монтана.
Од изутрината четири хеликоптери и повеќе од 600 пожарникари и војници се ангажирани во гаснењето на пожарот, додека шпанската армија распореди дополнителна поддршка за што поскоро ставање на огнот под контрола.
Државната метеоролошка агенција АЕМЕТ на Твитер објави дека „неповолните временски услови, особено во однос на периодот од годината, придонесуваат за брзо ширење на пожарот“. Температурите беа над 25 степени Целзиусови кога избувна пожарот, а релативната влажност падна под 30 проценти по невообичаено сувата зима во областа.
Ризикот од нови пожари во Кастељон денеска е класифициран како „екстремен“.
Ново на Сител
-

Маск сугерира дека американската влада е одговорна за ограничувањето на воената сателитска мрежа во Украина
-

Винисиус доби минимална казна, неговата суспензија можеше да биде подолга
-

Приведен црногорски државјанин, возел со брзина од 185 км/ч на место каде максималната дозволена брзина е 100км/ч
-

Одбележување на Меѓународниот ден на белиот стап: „Правото на независно живеење, од бел стап до пристапна средина“
-

Руски напади врз црноморското пристаниште Измаил, погодени два товарни брода
-

Зеленски: Украина ќе ги обнови нападите врз руските рафинерии
-

Си-ен-ен: Ако продолжи конфликтот со Иран, американската армија може да употреби „Мајка на сите бомби“
-

ЛШ: Минимален пораз за Вардар на гостувањето во Полска
