Македонија
26. August 2025 - 19:11

Странски државјани приведени на „Табановце“, носеле бела прашкаста материја и таблети

Странски државјани синоќа биле приведени на граничниот премин „Табановце“ поради бела прашкаста материја и таблети, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

-Вчера околу 19 часот на граничен премин „Табановце“, на влез во државата, полициски службеници ги лишиле од слобода О.Ј., 32-годишно лице од Унгарија и А.Б., 37-годишно лице од Србија. При гранична проверка и контрола во возилото „тојота“ со унгарска национална ознака, што го управувал О.Ј, а сопатници биле А.Б. и уште едно лице од Унгарија, во личниот багаж на О.Ј. биле пронајдени и одземени неколку пакувања со бела прашкаста материја, едно шише со бела прашкаста материја и една кутија со 31 капсула. Додека, во личниот багаж на сопатникот А.Б. биле пронајдени неколку пакувања со бела прашкаста материја и таблети, појаснуваат од МВР.

Додаваат дека тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени сооддветни пријави.

 

МИА