Стратешки дијалог Македонија – САД во април
Македонија во април почнува стратешки дијалог со Соединетите Американски Држави во Вашингтон. Македонската делегација ќе биде предводена од шефот на дипломатијата, Муцунски, но ќе учествуваат и министрите за внатрешни, одбрана, дигитална трансформација и енергетика. Домаќин ќе биде заменик-државниот секретар на САД Кристофер Лендау.
Премиерот не сакаше да открие што точно ќе бидат темите на овој стратешки дијалог.
-На настанот ќе присуствуваат неколку членови од Владата. Ќе се разговара за соработка во повеќе области, но за деталите, еве нека се случи, па ќе зборуваме тогаш подетално. Но јас очекувам навистина плоден стратешки дијалог и многу успешни резултати од оваа сесија на стратешкиот дијалог, рече Мицкоски.
Она што засега е познато е дека фокусот ќе биде кон кон политичка и безбедносна соработка. Се очекува македонската делегација да го покрене и прашањето за враќање на иселеничките виси кои САД ги замрзна во јануари годинава, но и да се обиде да го вметне и прашањето за целосно повлекување на визите за македонските граѓани.
Во делот на односите со Европската Унија, премиерот уверува дека целта на владата е испорака на реформите кои ги бара Брисел од земјава. Рече дека оттаму се вратил со добри вести во поглед на реформската агенда, но ќе почека тоа да го објави самата Европска Комисија.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар
