Стресот и анксиозноста сѐ поприсутни кај младите, стереотипите ги кочат да побараат помош
Како младите треба да ги препознаваат стресот и анксиозноста, како тоа се одразува врз нивното секојдневие, што можат тие да направат и кога и каде да побараат поддршка. Беа само едни од темите на кои разговараа младите средношколци од Прилеп, кои велат дека анксиозноста, притисокот од врсниците, училиштето, семејството, социјалните медиуми и неизвесноста за иднината се повеќе стануваат нивни големи предизвици кои треба да научат да ги пребродат.
„Јас лично најголем стрес чувствувам во однос на перпцепцијата од другите, иако нормално секој работи на тоа да биде свој и да ги прави работите на свој начин, сепак мислам дека вградено е во нашето општество што ќе рече другиот односно многу често младите живеат за другите, а не за себе“, вели Јована Пејовска, средношколец од СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп.
„Најчесто стресот кај младите е поради високи очекувања, очекувања од родителите, пред се од професорите, а и лично од нашите сопствени очекувања бидејќи секој се стреми кон повисоки резултати и сакаме да го покажеме најдоброто од нас. Но не често успеваме во тоа и тоа ни создава стрес и анксиозност“, додаде Кети Николоска, средношколец од СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп.
Учениците се повеќе се соочувале со стрес, но за жал не се осмелувале да побараат помош и поддршка поради стереотипите во нашето општество.
„Јас често дома разговараме со моите, исто така разговараме со професорите, со психолозоте во нашето училиште, постојано имам поддршка од дома и мислам дека дома можам да зборувам со моите родители за секој мој проблем, а исто така имам и блиски професори на кои можам да му се доверам“, истакна Ивана Каравилоска, средношколец од СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп.
„Стресот и анксиозноста доаѓаат од различни причини, најчесто од притисокот од социјалната средина, очекувањата од родителите, притисокот од учениците, стигмата со која се соочуваме како општество за барање на помош, а решението е едноставно, да се разговара, да се споделат работите, да најдеме некојна кого може да му се довериме“, изјави Маја Димоска Јандреска – психолог во СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп.
Мотото под кое младите настапија беше „Изрази се – младите го кршат молкот.“ затоа што разговорот е првиот чекор кон секој вид на помош.
-
Дарко Штарговски
Сите содржини од овој новинар
