Струмица се подготвува за литија со иконата на Богородица Брзопослусничка
Иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка по деветти пат ќе биде изнесена на улиците во Струмица. Струмичката епархија се подготвува за свечената литија со иконата, која традиционално се одржува во деновите по Велигден.
Празнувањето започнува вечерва со свечена вечерна богослужба, а ќе продолжи утре со Божествена литургија, по што литијата со чудотворната икона од манастирот „Светит Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици“ ќе се упати кон струмичкиот плоштад, каде што ќе биде отслужен молебен.
Од Струмичката епархија велат дека присуството на оваа икона претставува голема радост и благодат. Речиси цела деценија, иконата на Богородица Брзопослушничка е место на утеха за илјадници верници од Македонија и поширокиот регион, кои во текот на целата година доаѓаат да се поклонат пред неа.
Иконата на Богородица Брзопослушничка во Струмица беше донесена пред девет години, во втората недела од Великиот пост, посветена на Свети Григориј Палама – заштитникот на Струмичката епархија, како подарок од братството на светогорскиот манастир Дохијар.
-
Зоран Ѓеогриев
Сите содржини од овој новинар
