Струмица со најзагаден воздух, еко активистите повикуваат на засилени контроли
Струмица повторно се разбуди како најзагаден град во државата со висока концентрација на штетните ПМ 10 честички која изнесуваше близу 190. Еко активистите бараат итни мерки и засилени инспекциски контроли во индустриските капацитети. Според нив токму индустријата е најголемиот загадувач на воздухот и затоа мора да има санкции за сите кои работат надвор од законски утврдените норми. За поголема ефикасност во откривањето на загадувачите сметаат дека се потреби и соодветни мерни инструменти, но и повеќе од еден инспектор.
Градоначалникот на Струмица вели дека општината ги презема сите активности во нејзина надлежност, а инспекторот за животна средина бил постојано на терен и постапувал согласно неговите ингеренции. За подобри резултати во решавањето на овој проблем смета дека е неопходен е координиран пристап и ангажираност на сите чинители, а не само на општината.
Аерозагадувањето ќе биде главна тема и на локалниот совет за превенција на кој сите надлежни институции заеднички ќе одлучуваат кои ќе бидат итните мерките што треба да се преземат за да помогнат во подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар