Македонија
28. August 2025 - 16:37
Стружани бараат возобновување на црквата
Стружани преку црковно народен собир и литургии во текот на целиот месец на празникот Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица повторно побараа возобновување на црковниот храм во близина на Женска плажа каде моментално е поставен параклис .
Идејата да се возобнови црквата врз старите темели на црковно земјиште тлее со децении .
Отец Александар посочи дека не сака овој собир да добие политичка конотација туку дека само имаат потреба од храм на ова место кое има особено значење за жителите.
Стружани одамна сакаат црквата да се обнови но поради административните процедури постапката е запрена.
Според историчарите на крајот на 19 век биле откриени темелите на стара црква посветена на Пресвета Богородица.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->