Македонија
6. April 2026 - 16:36

Студентите албанци на протест: Бараат полагање на правосуден испит и на албански јазик

Со транспаренти „Стоп за институционалната дискриминација“, „Законот за јазиците е јасен“, студентите албанци од сите универзитети протестираа барајќи правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик. Со албански  и американски знамиња и скандирања УЧК; пред министерството за правда му испратија порака на министерот Филков дека решение мора да се најде. ПОбараа оставка и од министерот , но и од премиерот Мицкоски.

Со обвинувања дека министерот Филков прави јасна дискриминација, но и дека албанските деца заслужуваат да полагаат на мајчиниот јазик, протестот го поддржаа пратеници и функционери на ДУИ, Фатмир Битиќи од СДСМ и Халил Сниопче од Алијанса за албанците. Поддршка добија и од дел од вработените во правда.

Додека студентите бараат оставки, премиерот им порача дека формирана е група на уставни експерти кои работат на соодветно решение коешто ќе биде уставно и во согласност со меѓународните стандарди.