Студентите на УКИМ нема да организираат големи собири, туку само на ниво на факултет

Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје соопшти дека нема да се организираат големи собири, како што првично беше најавено, а активностите за искажување почит кон загинатите во Кочани ќе се организираат на ниво на факултети.
- Со цел да не се создаваат поголеми гужви во моменти кога медицинската помош и полицијата се најпотребни на други локации, големи собири по кампуси нема да се организираат, како што беше првично планирано. Активностите за искажување на почит и сочувство ќе можат да се организираат на ниво на факултети, по иницијатива на факултетските студентски собранија, а УСС-УКИМ ќе понуди логистичка помош, се наведува во соопштението од УСС-УКИМ.
Оттаму повторија дека на првиот собир од нивна страна не била поканета министерката за образование.
- Министерката од наша страна не беше поканета да присуствува, ниту да одржи говор. Нејзиниот говор, самото одржување, како и неговата содржина не беа во агендата на одвивање на настанот. Нашата одлука, за која што со мнозинство се изгласа на состанокот на 16.03, беше само двеминутно обраќање на ректорката во знак на солидарност и изразување сочувство, велат од УСС-УКИМ.
Ново на Сител
-

Највисоки казни за инвеститорот по свлечиштето кај Теодосиј Гологанов
-

Високи температури и најава од УХМР за силно невреме во четврток попладне
-

Претседателката ги додели наградите Women in Tech
-

Средба Мицкоски - Пленовиќ во Охрид
-

Заемот од 260 милиони евра на пленарна седница
-

ВМРО-ДПМНЕ: Само Филипче му верува на Радев дека уставните измени се последниот услов
-

Лакавица остана без род од овошките заради една ноќ со минусна температура
-

Нови напади САД-Иран среде преговори
