Студентите во блокада во Србија утре пред Ректоратот; 16 минути молчење и потсетување за неисполнетите барања

Студентите во блокадата на високообразовните институции во Србија објавија дека по повод една година од испраќањето на барањата до властите, утре пред зградата на Ректоратот на Универзитетот во Белград, ќе им оддадат почит на загинатите во падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад со 16-минутно молчење.
Потоа ќе се одржи студентскиот пленум.
„Помина една година откако беа поднесени студентските барања. Ќе се видиме“, порачаа на социјални мрежи студентите во блокада.
Барањата на студентите вклучуваат објавување на целата документација поврзана со реконструкцијата на железничката станица во Нови Сад, што се уште е недостапна за јавноста, како и потврда од страна на надлежните органи за идентитетот на сите лица за кои се сомнева дека физички нападнале студенти и професори, со покренување кривична постапка против нив.
Студентите бараат и разрешување на сите службени лица за кои е утврдено дека се поврзани со насилство.
Третото барање се однесува на отфрлање на кривичните пријави против уапсените и притворените студенти на протестите, како и прекин на веќе започнатите кривични постапки. Меѓу барањата е зголемување на средствата за државните универзитети за 20 проценти.
Во подоцнежна фаза, студентите побараа и распишување избори.
МИА
Ново на Сител
-

При претрес на стан пронајдени над 11 килограми марихуана, 400 грама кокаин и поголема количина ЛСД
-

Франција: Портокалов метеоаларм поради горештини издаден за два департмани
-

Денес топло со мала до умерена облачност
-

Почина проф. д-р Катерина Мирчевска
-

Трамп и Нетанјаху договорија состанок „во блиска иднина“
-

Министерот Ристовски ја пречека Ѓорческа по историскиот настап на Вимблдон
-

Кривична против осум инспектори поради несовесно работење со дискотеката „Пулс“
-

Пожарот кај Пробиштип сè уште активен, сите сили насочени кон Ратавица
