Студентска акција во Србија „Распиши победа“: Студентите собираат потписи на речиси 500 локации

Студентите во блокада организираат денеска акција низ цела Србија под слоганот „Распиши победа“, за време на која ќе собираат потписи за барање за вонредни парламентарни избори. Граѓаните ќе можат да ја поддржат таа иницијатива во повеќе од сто општини и градови, на речиси 500 штандови.
Списокот на локации, што редовно се ажурира, е објавен на веб-страницата studenti.org.rs. Според најновите достапни податоци, потписи ќе се собираат на 113 места на 491 штандови. На веб-страницата е објавено и времето кога ќе работат штандовите.
Покрај поголемите градови, како што се Белград, Ниш, Нови Сад и Крагуевац, списокот вклучува и бројни помали градови од север до југ во државата.
Денешната акција не е како претходните - нема да има програма, нема да има говори, нема да има официјални обраќања. Идејата, според студентите, е академиците подобро да ги запознаат граѓаните, кои ќе можат да остават свои потписи и контакти на штандовите.
„Дојдете и заедно да распишеме! Потпишете ја одлуката! Оставете ни контакт, а ние редовно ќе ви испраќаме известувања за нашите акции и ќе ве водиме како можете да станете активен учесник во оваа борба. Бидете контролор. Учествувајте во подигање на свеста во вашата околина. Од недела продолжуваме заедно“, порачаа студентите.
Тие наведуваат дека со собирањето потписи сакаат да проценат колку поддршка имаат кај граѓаните и да се подготват за предвремени избори - нивно барање со месеци. Тие ја сметаат акцијата за собирање потписи за распишување избори за пресвртница во активностите на студентското движење. Студентите ги сведоа сите свои претходни барања до властите во мај на само едно - распишување вонредни парламентарни избори, додека властите, од друга страна. Сепак, како што стојат работите во моментов, вонредни парламентарни избори властите најавија за следната година.
МИА
Ново на Сител
-

Приведен кавадарчанец, со 3,13 промили алкохол во крвта агресивен бил кон полицајци
-

Минатата недела санкционирани 114 непрописно паркирани возила во Центар
-

Дел од скопско Бардовци без вода
-

Еден загинат и тројца исчезнати во несреќа со мигранти на грчкиот остров Самос
-

Мобилен пронајден во келијата на газдата на „Пулс“
-

Мачките без влакна забранети во Холандија од 1 јануари
-

Лазаров: Промашивме пет пенали, така не може да се дојде до добар резултат
-

Од почетокот на декември 18.318 сообраќајни прекршоци, приведени 123 лица за безобзирно управување на возило
