Студентски протести во Србија во повеќе од 30 градови, се бара распишување предвремени избори
Во Беград блокиран е Бранков мост од 18 часот , па се до 21:16 часот како и мостот Газела. Под слоганот „Стани Србијо“ (Востани Сербије), тие повикаа на колективна акција низ целата држава, седум месеци по падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад, кога загинаа 16 лица, а едно лице е тешко повредено.
На протестите студентите во блокада скандираат - „Сакаме правда, сакаме вистина, сакаме избори“, „Сакаме избори“, „Пумпај“ и „Исполнете ги барањата“, „Шарена револуција, шарена лага“, „Нема еволуција без револуција“. Носат и знамиња на факултетите.
Студентите во блокада имаат и на овие протести поддршка од граѓани.
Според претходните најави на студентите на социјалните мрежи, протестите ќе се одржат денеска во 32 градови во Србија.
Протестот под слоганот „Сакаме избори“ прво беше најавен само во Пожаревац, но студентските и граѓанските организации на други места одлучија да организираат собири или да ги одложат своите протести за денеска и на тој начин да се приклучат на колективната акција низ целата земја.
Студентите во блокада во Србија најавија протести за денеска низ државата каде еден од слоганите е „Децентрализацијата се вчитува“. Нивната цел е да покажат дека цела Србија е обединета во политичката борба и дека гласот на помалите градови е слушнат.
На почетокот на мај, студентите побараа одржување вонредни парламентарни избори, поради „длабоко вкоренета корупција“ додека институциите не се во можност слободно да работат на нивните барања.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на 16 мај изјави дека изборите ќе се одржат во следната година и пол и дека ќе бидат објавени кога надлежните институции ќе донесат одлука за тоа.
Утврдувањето на кривичната и политичката одговорност за загинувањето на луѓето при падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад е во фокусот на барањата на студентите.
Ново на Сител
-
Зеленски ја поддржа иницијативата на Ердоган за средба со Трамп и Путин
-
Едно лице загина, а десетици се повредени во земјотресот на медитеранскиот брег на Турција
-
По 22 години бегство уапсен „Командант Бреза“
-
Сиљановска Давкова: Родовата еднаквост не е само статистика, ниту море од бројки, туку реална слика на општествената стварност
-
ДЗР: Регионален развој без резултати - јавните инвестиции заглавени во локални приоритети
-
Почнува четвртфиналната фаза на „Ролан Гарос“
-
Влада: Историски најдобар оперативен план, практикантство за 1.352 млади до 29 години и младински додаток од 3.000 денари месечно за лица до 23 години
-
Приведен 64-годишен маж од Пробиштип, возел под дејство на алкохол и удрил во дрво