Студија: Без поголеми инвестиции за климата, германскиот долг може нагло да порасне

Германија би можела да се соочи со значително повисок јавен долг до 2050 година доколку не се зголемат инвестициите за справување со климатските промени, се наведува во нова студија, јави ДПА.
Според извештајот на организацијата „Њу економикс фаундејшн“, односот меѓу јавниот долг и бруто-домашниот производ (БДП) на Германија до средината на векот може да биде за 52 процентни поени повисок од проценките засновани на официјалните прогнози на Европската комисија.
На ниво на Европската Унија, експертите очекуваат просечниот однос на јавниот долг да биде за околу 58 процентни поени повисок до 2050 година, доколку не се преземат мерки за намалување на климатските ризици.
Во извештајот се наведува дека вистинските економски трошоци од климатските промени не се целосно вклучени во официјалните проекции за јавниот долг.
Како што климатската криза влијае врз продуктивноста, инфраструктурата и клучните економски сектори како земјоделството, транспортот и енергетиката, се очекува намалување на бруто-домашниот производ и на даночните приходи, наведуваат авторите.
Истовремено, трошоците за санирање на штетите и за обновување по климатски катастрофи најверојатно ќе растат, што дополнително ќе го зголеми јавниот долг.
Според експертите, зголеменото инвестирање во мерки за справување со климатските промени може да го ограничи растот на јавниот долг во наредните децении.
Доколку Германија секоја година инвестира дополнителен еден процент од својот БДП во вакви мерки, заедно со активности за адаптација, јавниот долг во 2050 година би бил зголемен за само 22 процентни поени, пресметале истражувачите.
Себастијан Манг од „Њу економикс фаундејшн“ изјави дека некои тврдат дека Европа нема доволно средства за инвестиции во справување со климатската криза, но студијата покажува спротивното.
– Европа едноставно не може да си дозволи да не ги стави климатските инвестиции како приоритет – нагласи Манг.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Трагедијата во Кочани е еден од настаните во историјата на нашата држава што не се мери со време, туку со болката што ја остава зад себе
-

ЦУК во координација со институциите: Ангажирани два армиски хеликоптери за пожарот на Јабланица
-

Муцунски: Од земја која во минатото бараше помош, денес сме држава која ги штити своите граѓани и им помага на пријателите
-

Иран: Американските напади врз Харг не ја оштетија нафтената инфраструктура
-

Северна Кореја истрела десетина ракети кон Јапонско Море
-

Катар евакуира делови од Доха
-

Денес посебен режим на сообраќај во Скопје
-

Трамп тврди дека Иран е целосно поразен
