Студија: Глобалниот животен век се врати на нивото пред пандемијата на Ковид-19

Глобалниот животен век во 2023 година се врати на нивото забележано пред пандемијата на Ковид-19, зголемувајќи се на 76,3 години за жените и 71,5 години за мажите, според долгогодишната студија за смртноста „Глобално оптоварување на болести“ (Global Burden of Disease).
Од 1950 година, животниот век е зголемен за повеќе од 20 години за двата пола.
Иако стапките на смртност се намалени генерално, смртните случаи кај адолесцентите и младите возрасни лица во Северна и Јужна Америка се зголемија, главно поради самоубиство и употреба на дрога или алкохол, открија истражувачите предводени од Кристофер Мареј на Универзитетот во Вашингтон во Сиетл, пренесува ДПА. Податоците за животниот век од студијата се објавени денеска во научното списание The Lancet.
Новата анализа се потпира на 310.000 извори на податоци низ светот, од кои околу 30 отсто се користени по првпат. Изработени се проценки за 204 земји и територии.
Глобално, животниот век на жените се зголеми од 51,2 години во 1950 година на 76,3 години во 2023 година, а на мажите од 47,9 на 71,5 години. Според прогнозата објавена во мај врз основа на податоците од студијата, мажите родени од 2050 година па наваму ќе добијат во просек 4,9 години живот, во споредба со 4,2 години за жените.
Животниот век продолжува да варира во голема мера – од околу 83 години за двата пола во земјите со високи приходи до околу 62 години во субсахарска Африка.
Ковид-19, водечката причина за смрт во светот во 2021 година, падна на 20-то место во 2023 година. Исхемичната срцева болест, или намалениот проток на крв во срцето, беше главниот убиец, проследена со мозочен удар и хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ).
Други водечки причини за смрт вклучуваат инфекции на долниот респираторен тракт, неонатални нарушувања, Алцхајмерова болест, рак на белите дробови, дијабетес и хронична бубрежна болест.
МИА
Ново на Сител
-

Димовски: Уставните измени се последната отстапка што Македонија може да ја направи, но само ако добие гаранција од ЕУ
-

Експлозии во Каракас, забележани и авиони во низок лет - Мадуро прогласи вонредна состојба
-

Најстудено во Струмица, најмногу дожд во Лазарополе
-

Четири лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Аризона
-

Идентификувани 113 повредени во пожарот во Кран-Монтана, меѓу нив и од Србија и БиХ
-

Променливо облачно со локални врнежи од дожд и снег на планините
-

Три сообраќајки на автопатот Тетово – Гостивар
-

Снег на Попова Шапка, задолжителна зимска опрема за возилата
