Суд во Сеул го осуди поранешниот јужнокорејски претседател Јун на 30 години затвор

Централниот суд во Сеул денеска го осуди поранешниот јужнокорејски претседател Јун Сук-јеол на 30 години затвор, прогласувајќи го виновен за издавање наредба на операција за испраќање дронови во Северна Кореја , со цел предизвикување прекугранични тензии и создавање услови за прогласување воена состојба во 2024 година.
Јун ги отфрли обвиненијата и негира дека сторил кривично дело. Неговите адвокати тврдат дека тој ниту ја наредил ниту подоцна ја одобрил операцијата која, според одбраната, не била поврзана со воведувањето воена состојба туку претставувала одговор на повеќемесечното испраќање балони со отпад преку границата од страна на Северна Кореја.
На казна затвор од 30 години е осуден и поранешниот министер за одбрана Ким Јонг-хјун, поради негова вмешаност во операцијата, додека поранешниот началник на Командата за контраразузнавачки операции, Јео Ин-хјунг, му е изречена затворска казна од 15 години.
На поранешниот командант на Командата за операции со дронови, Ким Јонг-де, му е изречена условна казна затвор од три години со рок на проверка од пет години.
Во образложението на пресудата Судот наведе дека обвинетите, под превезот на воена операција, се обиделе да предизвикаат провокација од Северна Кореја со цел да создадат услови за воведување воена состојба.
Ова е најнова во низата пресуди против поранешниот претседател, кој веќе се наоѓа во притвор поради други постапки поврзани со наводниот обид да прогласи воена состојба. Јун во февруари беше осуден на доживотен затвор за поттикнување бунт преку прогласување воена состојба, а на таа пресуда поднесе жалба.
Ново на Сител
-

Законот за правична застапеност во среда пред пратениците
-

„Пулс“ надвор од системот, ниту еден редовен ниту вонреден надзор на ДЗС
-

Во тек е постапка за вработување на пет инспектори во Инспекторат за употребата на Законот за македонски јазик
-

Преглед на вестите од светот
-

Гаши го презентише извештајот за неговата двегодишна работа
-

Идните наставници со зелена мисија
-

Спортските настани магнет за туристите
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
