Судење за Пулс: Обвинителството изнесе докази за пропусти во годишните програми за надзор на ДЗС во Кочани

Дискотеката „Пулс“, но и други објекти во градот Кочани, не биле опфатени во плановите за надзор на Дирекцијата за заштита и спасување, беше посочено на продолжението на судењето за пожарот во кочанската дискотека. Во судницата на денешното рочиште за пожарот во „Пулс“ беа презентирани планови за квартални инспекциски контроли, годишни програми и службени документи на Дирекцијата за заштита и спасување, потпишани со името на Шабан Салиу кој од 2012 до 2017 бил директор на институцијата.
Салиу реагираше дека дел од потписите на документите не се негови, иако на нив стои неговото име како директор.
Обвинителството посочи дека во 2015 година Кочани немало назначен инспектор, што се гледа и од доказите за годишните програми и распоредот на инспектори. И покрај тоа, во 2015 година инспектори од Скопје извршиле надзор само врз еден правен субјект со низок ризик, што обвинителството го оцени како селективно.
Во делот на угостителските објекти, програмата за 2012 до 2014 година предвидувала надзор врз поголеми хотели, ресторани и мотели, но кафулињата и дискотеките повторно не биле опфатени.
Александар Наунов од здружението „16 Март“ оцени дека денешното рочиште отвора уште посериозни прашања.
-Денес во судница слушнавме одбрана дека дел од потписите не биле на обвинетиот. Иако на документите стоело неговото име како директор, остана впечаток дека најголемото прашање повеќе не е кој ја водел институцијата, туку кој го држел пенкалото- истакна Наунов.
Тој додаде дека ако навистина некој друг потпишувал наместо директорот, тогаш тоа укажува на системски пропусти.
-Ако некој можел да става туѓ потпис, да поминуваат планови и извештаи без знаење на раководството, тогаш прашањето е каде била контролата. Директорската функција не е рамка за име на документ, таа носи одговорност за тоа што излегува од институцијата - нагласи Наунов.
Според него, јавноста оправдано се прашува чиј бил потписот, кој го дозволувал тоа и како таквата пракса можела да трае со години.
Во пожарот што избувна на 16 март 2025 година во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, дел од нив со тешки изгореници. Настанот предизвика широка јавна реакција и отвори прашања за безбедносните стандарди, инспекциските надзори и примената на прописите за работа на угостителските објекти.
МИА
Ново на Сител
-

Во ЈЗУ во Гостивар прегледани 197 пациенти кои првпат побарале лекарска помош, што е намалување во однос на претходниот ден
-

Пијан велешанец ја нападнал мајка си и ѝ го скршил мобилниот телефон
-

26-годишник живеел во вонбрачна заедница и силувал малолетно девојче повеќе од една година
-

Сообраќајка помеѓу 4 автобили во Скопје, повредени повеќе лица
-

Штрајк на грчките цариници во понеделник, товарниот сообраќај во прекин
-

Муцунски: Нема информации за закани кон Македонија поради поддршката на американските операции во Заливот
-

Трамп се закани со сериозна воена одмазда против Иран и Хутите како негови сојузници
-

Кавадарчанец осомничен дека измамил кумановка за 9.000 евра со ветување за странски пасош | ФОТО
