Македонија
3. February 2026 - 16:43

Судски истражува предмети кои ги работел судијата Ристов

Работата на судијата Ѓоко Ристов за кој постои сомнеж дека сокрил 350 илајди евра во ѕид во домот на неговите родители е под лупа на Судскиот совет.. Контролата е покрената по пристигнати претставки за неговото постапување, а извештајот дали судијата работел незаконски, се очекува до крајот на неделава.. 

„Беше извршена контрола на дел од предмети по кои постапувал, судијата кој што го споменувате, но во моментов, немам податоци да изнесам во смисла  дали е детектиран некој пропуст или не, бидејќи комисијата се уште ги разгледува предметите. Станува збор за пет или шест предмети, не е голем број на предмети. Но, во најскоро време ќе се проверува целокупната работа на Апелациониот суд – Скопје“, изјави Александар Камбовски, Претседател на Судски совет.

Додека се истражува од каде потекнуваат парите во ѕидот на семејството на судијата, првите луѓе на судската власт порачуваат дека клучно за носењето законски пресуди е судиите да бидат имуни на какви било влијанија.. Истовремено, надзорот на ЕУ укажува на сериозни проблеми во финансиската автономија и независноста на судството.. (рокас и фидани 3,), 2,47

„Влијанијата на судијата се можни, но, ако судијата се држи до законот и етиката и ги уважува сите факти, тогаш не постои начин врз него да се извршат влијанија“, изјави Африм Фидани, Претседател на Врховен суд. 

„Недостигот на судии, стручни соработници, помошен и информатички персонал влијаат врз квалитетот на одлуките и довербата на јавноста“, изјави Михалис Рокас, Амбасадор на ЕУ во Скопје. 3,33  

Според Министерот за правда, ефикасно и независно судство е можно само со дигитализација.. Филков вели, тоа е визија која треба да се спроведе заедно со судиите.. камобвкси и филков 5, 4.15 

„Силно, независно и ефикасно правосудство е предуслов за довербата на граѓаните во институциите и за еднаквост на сите пред законите. Наша обврска кака Министерство за правда е да создадеме јасни и применливи закони кои ќе бидат инструмент за правда и правичност“, изјави Игор Филков, Министер за правда.

Според резултатите од анализата на ЕУ, презентирани денеска, за подобрување на состојбите е потребно намалување на бројот на судови во државата, поголеми плати за судските службеници, а според анкетата, недостасувале и судии..