Македонија
15. November 2023 - 16:38

Судски избра судии за Апелација, бодовите не биле пресудни да се гласа „ЗА“

Апелациониот суд во Скопје се засили со осуммина судии. Претходно подготвената ранг листа не беше пресудна за изборот.. Алиби да да не се водат според листата на бодови, членовите на Судски совет, бараа во методолигијата за оценка за која рекоа дека не ги покажува вистинските остварувања на кандидатите. Членовите имаа и свои критериуми, па така за нив, дел од кандидатите биле премногу млади, за други пак имале сознанија дека може да се соочат со постапки пред советот. Така прворангираниот за кривичната област, кавадаречкиот судија Лазар Нанев, не ја доби поддршката. Членовите на судски имале сознанија дека судијата го следат контроверзи во јавноста.

Подрршка за судија во апелација доби велешката судијка Габриела Гајдова која беше второрангирана, но советот за неа имаше само пофални зборови. Во криивчниот оддел ќе и се придружат и тројца судии од скопскиот кривичен суд. Во Апелација заминуваат Александра Ристеска која го судеше предметот Тортура, судијката Весна Димишкова, а место си обезебеди Осман Шабани кој ги суди Талир, Титаник и ТНТ.

Од граѓанскиот суд во Скопје, по денешниот избор, место во Апелација обезбедија Ирена Костадинова, Наталија Донева и доскорешниот претседател Илир Сулејмани. Граѓански предмети ќе суди и велешкиот судија Александар Шопов.

Желба да седнат во второостепениот суд имаа 45 кандидати. Дел од нив не добија поддршка бидејќи огласот бил објавен пред две години, па чекајќи на изборот,  дел од кандидати скоро и да го завршиле работниот век.

Долгиот временски период за избор на апелациони судии, како проблем беше посочен и во Извештајот на Европската комисија.