Судски Совет: Лога да дојде на седница да разговараме за состојбите
Непримерно е Министерството за правда, во процесот на реформа го заобиколува Судски совет. На прашање од Сител, како ја коментираат одлуката на министерот Лога, од советот велат, дека се залагаат за реформски процеси во правосудниот систем, но, за состојбите во Судски, требало да се разговара на нивните седници.
„Не треба да се заборави дека Министерот за правда, по функција е член на советот, но наместо да присуствува на седници, тој избра да “комуницира“ преку јавноста. Непримерно е за значајни реформи и иницијативи за формирање работна група, да се дознава преку медиумите“, велат од Судскиот совет.
Планот на Министерството за правда е преку работна група во која ќе бидат вклучени експерти да отпочне процес на реформа на Судскиот совет. Покана ќе добиеле и најголемите политички партии. Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат наместо за реформи, Лога и неговите колеги времето да го искористат за празнење на министерските кабинети.
Идната недела ќе биде познато кој ќе членува во работната група за реформи во Судски, кои според Министерството за правда ќе треба да ја вратат довербата на граѓаните во правосудниот систем.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
